„Фараоните“ и Парондо со мундијалски билет

Селекцијата на Египет е последниот полуфиналист на Африканското првенство кое се одржува во Каиро.

„Фараоните“ славеа на четвтрфиналниот натпревар против репрезентацијата на Алжир со убедливи 15 гола разлика, 34-19.

Победникот беше решен уште по првото полувреме, кога избраниците на Роберто Гарсија Парондо имаа водство 20-8.

Претходно пласман во полуфиналето на Африканското првенство и со тоа место на СП во Полска и Шведска обезбедија Зеленортските Острови, Мароко и Тунис.