„Фараоните“ и Парондо се шампиони на Африка!

Селекцијата на Египет предводена од Роберто Гарсија Пародно е новиот шампион на Африка, откако во финалето славеше против Зеленортските Острови со 37-25.

Победникот беше решен уште по првото полувреме, кога избраниците на екс стратегот на Вардар водеа со 24-12 против избраниците на уште еден екс тренер на „црвено-црните“, Љубоир Обрадовиќ.

„Фараоните“ на најдобар можен начин го искористија домашниот терен и забележаа шест победи на Африканското првенство, без поголеми проблеми.

Египет е доминантен во Африка и ја освои третата титула на последните четири континентални шампионати.

Покрај победникот и финалистот, на Мундијалот во Полска и Шведска место обезбедија Тунис, Мароко и Алжир.