Екипата на Хановер каде што настапува Филип Кузмановски одигра фантастичен натпревар на тешкото гостување кај Фуксе Берлин во 27. коло од Бундес лигата и освоија еден бод откако одиграа нерешено 32:32.
Филип Кузмановски беше еден од најдобрите на теренот и го спаси својот тим од пораз во последниот напад. Тој одигра одличен натпревар и беше втор стрелец со осум гола од девет обиди меѓукои и последниот.
Хановер добро го започна мечот и уште од почеток имаше водство. Во текот на целото прво полувреме тимот на Кузмановски беше во предност, највисоката беше од три гола, а после 30 минути гостите водеа 13:15.
Во вториот дел Фуксе Берлин го презема водството и постојано имаше еден гол со игра гол за гол. Во финишот ракометарите на Хановер го искористија последниот напад и со цепелин кој го реализираше Кузмановски стигнаа до реми и еден бод.