Фантастична партија на Чупиќ, Загреб го нокаутира Нексе!

Ракометарите на Загреб славеа на свој паркет во дерби натпреварот од плеј-офот во хрватскиот шампионат против Нексе Нашице со 30-25.

Иако гостинскиот состав беше конкурентен во првиот дел, кога беше само на гол негатива, 15-14, сепак попушти во второто полувреме.

„Плинарите“ со серија од 8-1 стигнаа до осум гола предност и до крајот само рутински ја одржуваа за убедлива победа.

Јунак на Загреб беше екс вардарецот Иван Чупиќ кој имаше 12 гола од 12 обиди, додека Тимур Дибиров и Звонимир Срна постигнаа по четири гола.

Во составот на Нексе прво име беше Предраг Вејин со седум од седум. Загреб и Нексе сега имаат по осум бодови на врвот, но „плинарите“ имаат меч помалку.