Фантастичен натпревар на домаќините: Билик и Божовиќ ја водеа Австрија во победата над Чешка

Со дуелот меѓу домаќинот Австрија и Чешка пред полната Штадхале Арена започна Еверопското првенство за групата Б во Виена, Австрија. Домаќините со поддршка на своите симпатизери успеаа да обезбедат клучни два бода во трка по место за главната фаза од натпреварувањето. На крајот се радуваше Австрија со победа од 29-32 над Чешка и ги отвори сите можности за втората фаза.

Репрезентацијата на Чешка го имаше првото водство на натпреварот, потоа расположениот Божовиќ искористи неколку напади на својот тим, а на спротивната страна Чесите му се реваншираа со технички грешки и Австрија го презема водството и резултатот. Сепак разликата не надмина два гола до крај на првиот дел. Австрија ја имаше резултатската контрола, но Чешка на неколкупати се закани со изедначување на резултатот. Прво Кашпарек после неколку неуспешни обиди конечно ги погоди рамките на голот на Австрија за 5-5 во 12 минута, но домаќините бргу ја вратија предноста во свој посед. Здрахала од пенал кој сам го избори на десетина минути пред крај го најави пресвртот за 10-10, а истиот ракометар во 26. минута го донесе и првото водство за Чешка по воведните 1-0. Во самиот финиш на првиот дел Чешка имаше и два гола предност, но Јанко Божовиќ со својот четврти гол стави точка на првите триесет минути за конечни 14-13 и водство на Чесите.

Билик го отвори резултатот во втиориот дел и со два гола во низа ги врати Австриците во водство. Домаќините на крилата на одличниот голман Ејхбергер воведните минути ја врати највисоката предност од првиот дел од два гола (15-17, 35 минута).

Резултатската разлика ја диктираа техничките грешки и расположените голмани, па Австрија постојано ја одржуваше минималната разлика предност. По петнаесет минути игра во второто полувреме, Кашпарек со својот трети гол повторно го изедначи резултатот на 22-22. Австрија го имаше фантастичниот Никола Билик, кој погодуваше кога беше најпотребно, со неговите два гола, одличната одбрана на Ејхбергер и прецизниот удар на Вебер Австрија во 50. минута имаше три голови предност 22-25. Сепак ниту таа разлика не гарантираше безбедна завршница на домаќините, тоа го потврдија и Чесите кои се вратија на минимална разлика од еден гол. Каде што застана Билик продолжи Јанко Божовиќ. Двете екипи беа ефикасни во своите напади па неизвесноста околу конечниот победник се одржуваше до самиот финиш на мечот. Во последната минута Австрија носена на крилата на десетилјадната публика која дојде да го поддржи домаќинот влезе со три голови предност за големо славје на домашниот тим. По истекот на шеесете минути на семафорот остана испишан конечниот резултат 28-31

Австрија сега има два бода и ја предводи табелата во група Б, пред да се одигра вториот дуел од првото коло меѓу Македонија и Украина кој е закажан вечерва во 20:30

Чешка 29-32 Австрија (14-13)

Група Б, Европско првенство 2020, прво коло
Штадхале Арена,Виена 16 000 гледачи
Судии Јонас Елиасон и Антон Палсон (Исланд)

ЧЕШКА:
Мрква, Галија; Хрска 6, Бечвар 3, Јурка 2, Хорак 1, Кашпарек 3, Бабак 3,Чип 2, Ванчо, Здрахала 5, Клима, Солак, Мубензем 2,  Земан 2, Мојзис

АВСТРИЈА:
Бауер, Еихбергер; Божовиќ 8, Вебер 3, Брандфелнер, Пош 3, Фримел 3, Дикер, Хербургер, Зеинер, Живковиќ, Билик 11, Вагнер 2, Јохман, Хутечек, Сантос 2