„Фалангата“ спремна за нов јануарски поход – гледајте ја Македонија на ЕП за 25 евра!

Maшката репрезентација на Македонија ќе игра против Германија, Франција и Швајцарија на Европското првенство во 2024 година.

Она што најмногу ги интересира навивачите е цената на билетите за натпреварите. Македонија првиот меч ќе го одигра на „Меркур Шпил Арена“ во Диселдорф против Франција на 10 јануари. Овој стадион има капацитет од 55.000 гледачи.

Најефтините дневни билети (шеста категорија) за овој дуел може да се купат по цена од 25 евра, додека најскапите (прва категорија) чинат 129 евра, а ВИП дури 450 евра.

Другите два натпревари против Германија и Швајцарија, Македонија ќе ги одигра на 14 и 16 јануари во „Мерцедес Бенц Арена“ во Берлин, а за овие дуели се продаваат и дневни билети и пакет билети за сите четири меча.

Најефтините дневни чинат 29 евра, додека најефтиниот пакет за сите дуели од групата се 57 евра. Најскапите дневни се продаваат по цена 119 евра, додека најскапиот пакет за четирите меча во Берлин од групата на Македонија чинат 233 евра.

На располагање се и ВИП влезници. Дневна ВИП влезница чини 370 евра, додека пакет ВИП влезници за сите натпревари се продаваат по цена од 725 евра. Билетите за ЕП веќе се во продажба и може да се купат ТУКА. „Фалангата“ веќе може да се подготвува за нова јануарска акција во Германија.