„Фалангата“ на готовс: Билети од 400 денари за натпреварите на Македонија!

Машката репрезентација на Македонија ги доби ривалите во групата за Светското првенство во Полска и Шведска.

Нашите момци ќе играат во Краков, во „Таурон Арена“ во групата Ф со Норвешка, Аргентина и Холандија, а билетите веќе се во продажба на официјалниот сајт.

Најефтините дневни билети чинат 29 полски злоти или околу 400 денари. Има уште четири категории билети во зависност од местото на седење во салата.

Од четврта категорија билетите чинат 650 денари, од трета 1.150 денари, од втора се 1.700 денари, додека за билети од прва категорија ќе треба да одвоите 2.100 денари.

Билети за натпреварите на Македонија може да купите ТУКА.