На вчерашниот ревијален натпревар меѓу поранешните и актуелните репрезентативци, РФМ додели и признанија на навивачката група „Фаланга“.
Климе Стоилов и Ристо Шиц ги примија признанијата од Мукаетов и Милошевски и ветија дека ќе бидат дел од навивачката група и во Краков.
Покрај тоа, навивачите добија и нови тапани, кои сигурно ќе ги испробаат и во „Таурон Арената“ во Краков.
Каде и да игра Македонија, навивачите секаде се присутни како поддршка за ракометарите на натпреварите.
Македонија е во група со Норвешка, Аргентина и Холандија, а првиот меч е на 13 јануари со Норвежаните.