Фаворитот падна дома: Келце победнички се враќа од Данска

Келце покажа дека и сезонава има респектабилен тим за Лигата на шампионите и од гостувањето во Данска кај Олборг со враќа со два бода. Полјаците триумфираа со 30-28 (17-15) нанесувајќи му го првиот пораз на фаворизираниот тим на Олборг.

Со новите бодови Келце сега погоре на табелата и има 4 бода, исто колку и Олборг и Барселона, но шпанците имаат и меч помалку. Другите три средби од групата се играат утре.

Клучната разлика Келце ја направи во средината на второто полувреме кога поведе со 27-21. Тоа беше почетокот на „распадот“ на ѕзведниот тим на Олборг. Данците успеаја да внесат малку драма во завршницата намалувајќи на само два гола (26-28), а потоа пред самиот крај и на 28-30. Сепак концентрацијата на играчите на Келце беше на повисоко ниво, па ги искористија своите шанси и ги однесоа бодовите.

Не беа доволни 15-те одбрани на двата голмани на Олборг (Гаде и Агефорс) бидејќи на спротивната страна Андреас Волф самиот имаше вкупно 13 успешни одбрани. Ниту ѕвездите како Палмарсон и Хансен не можеа да се изнаиграат, а ривалот играше тимски и тоа секако му донесе предност.

Домаќините тргнаа добо и по осум минути веќе имаа предност од 5-2. Но Келце не мислеше да се предава и израмни на 6-6. И Пак Олборг направи предност, сега од 9-6 во 13 минута. И пак Келце израмни, прво на 9-9, а потоа и 10-10.

Кога Дилан Нахи реализираше з аводство од 12-11, следуваше серија од два гола на Алекс Дијшебаев и по еден на Нахи и Морито, и во 28 минута Келце веќе водеше со 15-13.

Кај домаќините по пет гола постигнаа Бартолд и Сандел, а четири Хансен. Во победничкиот тим на Келце Аркадиус Морито имаше 6 гола, а четири даде Турна. Во следното коло Келце е домаќин на Кил, а Олборг гостува кај ПИК Сегед.