Во рамките од Плеј-офот во првата лига во Голден Арт не дозволи изненадување и на домашен терен славеше против Работнички со убедливи 40:21.
Од самиот почеток фаворитот во овој натпревар најави како ќе се одвиваат работите на теренот, преку Ивица Илиев и Зоран Стојановски дојдоа до водство од 2:0, а гостите првиот гол на натпреварот го постигнаа после пет минути игра преку Стефан Чакалиќ. Многу брзо Голден Арт започна да го контролира на натпреварот и да прави разлика на теренот.
Со неколку серии од кои најдолгата беше 5:0 на два пати на полувремето домаќинот водеше со 12 разлика (20:8). Уште тука беше јасно дека гостите немаат сили да го изненадат фаворизираниот домаќин.
Во вториот дел разликата од минута во минута беше се повисока. Победникот беше познат, па се чекаше само крајот и разликата со која ќе слави Голден Арт. На крајот натпреварот беше завршен со 19 голови разлика.
Најефикасни во редовите на Голден Арт со по седум гола беа Марио Миланов и Илиев Ивица, додека Зоран Стојановски постигна пет гола. На спротивната стра Ѓорѓи Дука постига пет, а Дамески Стефан четири гола.