Денеска екипите кои се натпреваруваат во Супер женската лига ќе одиграат натпревари од 6. коло, а сосема извесно е каков е распоредот на средбите во кои домашните на три дуели се во голема предност.
Вардар, Стружанка и Куманово влегуваат како фаворити на дуелите против Овче Поле, Пелистер и Кузман Вардар. Тука не се очекуваат изненадувања така што е сосема извесно дека гостинските екипи тешко ќе можат до изненадување.
Што се однесува до средбата меѓу Гевгелија и Спартак, тука гостинскиот тим би можел да го направи дуелот интересен и да има ракомет кој ќе донесе возбудувања.
Оттаму на денешните четири натпревари се очекува интересен ракомет, додека другите два дуели се со поинаков распоред. Чаир против Ѓорче Петров ЖРК ќе игра во вторник, додека дуелот меѓу Деспина и Шампион дополнително ќе добие термин.
СУПЕР ЖЕНСКА ЛИГА
ДВОЈКИ ЗА 6. КОЛО
НЕДЕЛА, 11 ОКТОМВРИ
13:00ч
ВАРДАР – ОВЧЕ ПОЛЕ СУ
Сала: СЦ „Јане Сандански“ во Скопје. Судии: Благоја Кимовски и Блаже Михајлов од Скопје. Делегат: Ацо Николовски од Скопје.
14:00ч
СТРУЖАНКА – ПЕЛИСТЕР
Сала: СОУ „Нико Нестор“ во Струга. Судии: Сашо Јанкулоски и Мартин Јованоски од Прилеп. Делегат: Илија Цветкоски од Прилеп.
14:30ч
ГЕВГЕЛИЈА – СПАРТАК
Сала: „26 Април“ во Гевгелија. Судии: Лејла Јашар и Михаела Капсарева од Скопје. Делегат: Камер Металари од Скопје.
18:00ч
КУМАНОВО – КУЗМАН ВАРДАР
Сала: СОУ „Перо Наков“ во Куманово. Судии: Илија Давидовски и Бобан Стојановски од Скопје. Делегат: Мамер Реџепи од Скопје.
ВТОРНИК, 13 ОКТОМВРИ
ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ЖРК – ЧАИР
Сала: „Христо Батанџиев“ во Скопје. Судии: Сања Божиновска и Адриана Здравковска од Скопје. Делегат: Сашо Младенов од Скопје.
ОДЛОЖЕН НАТПРЕВАР
ДЕСПИНА – ШАМПИОН
МЕТАЛУРГ е слободен