Фаворитите без проблеми: Мец и Есбјерг сигурно до победа во ЛШ

Во рамките од 8. коло од Лигата на шампионите во женска конкуренција, екипата на Мец беше убедлива на свој терен против шампионот на Шведска, Савехоф, со 35:21.

Екипата од Франција дојде до победа откако во второто полувреме му дозволи на противникот да постигне само шест гола. На полувреме, Мец имаше водство од 19:15. Одличната одбрана на ракометарките на Мец во вториот дел беше пресудна за високата победа.

Најефикасни во редовите на Мец беа Ноканди и Бургард со по шест погодоци. Во Савехоф солидна партија имаше, Теа Бломст која со седум погодоци беше најефикасна во нејзината екипа.

Лесна победа оствари и екипата на Есбјерг против Борусија Дортмунд со 34:24. Во текот на целиот натпревар, домаќинките беа во водство и со остварената победа го презедоа лидерското место во Групата А.

Кристине Брејстол и Марит Јакобсен беа најефикасни во победничката екипа со по седум погодоци. Најефикасна во Борусија Дортмунд беше ракометарката од Норвешка, Софи Сансо, која исто така постигна седум погодоци.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, ЖЕНИ 

8. КОЛО РЕЗУЛТАТИ

ГРУПА А

БУДУЌНОСТ – БРЕСТ БРЕТАЊ 30:28 (13:16)

ЧСМ БУКУРЕШТ – ФТЦ БУДИМПЕШТА 27:21 (16:11)

РОСТОВ ДОН – ПОДРАВКА 34:23 (18:12)

ЕСБЈЕРГ – БОРУСИЈА ДОРТМУНД 34:24 (18:13)

ГРУПА Б

ВАЈПЕРС КРИСТИЈАНСАД – ОДЕНЗЕ 31:27 (17:16)

КАСТАМОНУ – ЃЕР 22:38 (9:19)

КРИМ – ЦСКА МОСКВА 24:21 (11:10)

МЕЦ – САВЕХОФ 35:21 (19:15)