Франција загуби од Шведска со шест голови разика, 26-32, во полуфиналето на Мундијалот во Египет.
Кружниот напаѓач Лудовик Фабрегас беше еден од подобрите на теренот, но на крајот мораше да се помири со поразот.
„Ноќта беше комплицирана. Кога ќе загубиме некој натпревар многу сме разочарани. Утрово не беше лесно да се разбудам, но мора да се вратиме во живот бидејќи сакаме да ја освоиме бронзата. Тоа ќе биде многу важно за овие момци бидејќи досега игравме одлично на СП“, вели Фабрегас.
Противник на Франција во битката за третото место ќе биде Шпанија, која загуби од Данска во второто полуфинале.