Унгарија и Словачка се домаќини на следното Европско првенство, а истото се одржува во јануари и на него учествува и Македонија.
Организаторите веќе почнаа со загревање на атмосферата, а ги претставија и медалите кои ќе ги добијат најдобрите три репрезентации на овој шампионат.
Дизајнот е доста интересен, а можете да ги погледнете во објавата на Инстаграм профилот на Европскиот шампионат.
View this post on Instagram
Како што е веќе познато на првенството Македонија е во група заедно со Данска, Словенија и Црна Гора. Истото почнува на 13 јануари, а завршува на 30 јануари.