На стартот од подготовките за новата сезона екипата на Есбјерг најверојатно остана без клучна ракометарка. Една од најдобрите Холанѓанки, Еставана Полман мораше да го напушти тренингот во четвртокот поради болки во коленото.
Со оглед на тоа што уште нема точна дијагноза постои голема веројатно таа да пропушти голем дел од сезоната.
„Работев вообичаено на тренингот, но нешто тргна наопаку. Колку што се сеќавам немав контакт со никого. Едноставно, само почувствував дека нешто не е в ред со моето колено“, вели Полман.
Таа е дел од тимот на Есбјерг уште од 2013 година. Пред два месеци имаше проблеми со тоа што и беше хакиран профилот на Твитер и имаше голем број на пораки на арапски јазик.