Уште не заигра за Келце, а веќе му го продолжија договорот

Екипата на Келце стартуваше со подготовките, а на големо изненадување на сите во клубот младиот ракометар од Исланд Хаукур Трастарсон доби продолжување на договорот.

Претседателот на клубот, Бертус Сервас одлучи да му даде понуда за да продолжи соработувањето до 2025 година место до 2023 како што беше начелно договорено. Исланѓанецот доби тригодишен договор, а исто стана актуелен на 1 јули.

Практично ракометарот од Исланд не ни заигра воопшто, а веќе доби можност за соработката да стане подолга така што си ја има обезбедено иднината во следните пет години.

Сепак, Трастарсон во моментов не може да работи со колегите. Тој има повреда и сосема веројатно е дека ќе го пропушти стартот на сезоната.

Се работи за голем талент, кој има 19 години и Келце ќе му биде првиот клуб надвор од Исланд. Според она што се зборува му предвидуваат уште подобра кариера од онаа која ја има неговиот поискусен сонародник Арон Палмарсон.