Викендов се игра последното коло во Женската лига од регуларниот дел и ќе биде познат и последниот патник во плеј-офот.
Во групата А за последното место во разигрувањето се борат Шампион и Пелистер. Шампион има 19 бода на петтата позиција и дома ја пречекува Гевгелија, која нема резултатски мотив, додека Пелистер е четврти со 20 бода.
Шампион мора да победи ако сака да остане во трка по плеј-офот, па тогаш притистикот ќе падне на Пелистер кој утре ќе ја пречека Деспина.
Прилепчанки веќе го обезбедија местото во плеј-офот, па битолчани ќе знаат каков резултат ќе биде потребен.
Натпреварот меѓу Шампион и Гевгелија е на програмата денеска од 14:00 часот, додека Пелистер и Деспина ќе игра утре од 16:30 часот.