Ракометарот на Бјерингбро Силкеборг, Јеспер Нодесбо најави дека на крајот на сезоната ќе ја заврши својата богата ракометна кариера.
40-годишниот член на данскиот суперлигаш веста ја објави на социјалната мрежа Инстаграм. Поранешниот репрезентативец на Данска игра голема улога во Бјерингбро Силкеборг и со своето искуство го држи тимот меѓу најдобрите екипи во данскиот шампионат.
Нодесбо со репрезентацијата на Данска освои голем број на медали од големите натпреварувања. Во својата колекција на медали има и златен медал од Олимписките игри од 2016 година.
Искусниот ракометар од Данска беше член на Барселона десет години, од 2007 па се до 2017 година. Освен за Барселона настапуваше и за Колдинг и Холстебро. За репрезентацијата на Данска има одиграно 223 официјални натпревари и постигнато 450 гола.