Во рамките на второто коло од група Е, Франција запиша уште една победа овојпат над Австрија со 28-35. Французите од самиот почеток ја имаа контролата над играта и рутинирано го завршија овој дуел за нови два бода и пласман во следната фаза од Светскиот шампионат. Австрија со вториот пораз на овој турнир си ги намали шансите за следната фаза, а шансата ќе ја бара во дуелот со Норвешка.
Франција го отвори овој дуел со гол, а во наредните пет минути создаде предност од три голови, кои ги одржуваше во првата третина од полувремето. Австрија успеа да врзе два погодока во низа, но тоа беше се што видовме од солидната Австрија, на спротивната страна „експертите“ ја зголемуваа својата предност и во средина на првиот дел дојдоа до пет погодоци предност (11-6). Разлика која ја одржаа до самиот крај на прво полувреме. Австриците во послениот напад беа успешни и на пауза заминаа со минус четири голови разликата или 13-17.
Вториот дел продолжи во ист ритам, Франција веднаш го врати највисокото водство, а до 40. минута имаа плус осум 17-25 и тука завршија шансите за Австрија на овој дуел. Во рутинирана завршница Франција со мотивирана одбрана и добра реализација во напад запиша нови два бода на Светското првенство во Египет, со конечен резултат 28-35.