Франција и Унгарија одиграа супер интересен натпревар во четвртфиналето на Светското првенство во Египет, а после многу возбудувања и продолженија на крајот на пласман во полуфинале се радуваа Французите откако победија 35:32.
Унгарија имаше одличен почеток на натпреварот, играа цврста одбрана и ефикасно во нападите. Унгарците во почетните минути успеаја да ги сопрат Французите и за десет минути им дозволија да постигнат само еден гол.
Во 10. минута Унгарија имаше високот водство од 6:1, а после промашувањето на Ремили од чиста позиција избраниците на Гулјаш зголемија на шест позитива. Французите се обидоа со седум на шест и ја прекинаа серијата на противникот со голот на Гигу после скоро седум минути без гол.
Миклер беше несовладлив на голот на Унгарија, за 15 минути собра осум интервенции додека во напад Унгарците форсираа игра преку пикер која фунцкионираше беспрекорно. Сепак Франција полека почна да се враќа во натпреварот. Избраниците на Жил го кренаа нивото и гол по гол ја топеа негативата, намалија на минус еден 9:10, а на крајот на првиот дел имаа активен резултат кога губеа 12:14 иако имаа и шест негатива.
Почетокот на второто полувреме беше израмнет, долго се играше гол за гол. Сепак Французите влегоа во добар ритам, со побрза игра и серија од 3:0 за првпат на натпреварот го преземаа водството, 20:19. Во 45. минута повторно беше нерешено 22:22, но Франција сега го диктираше резултатот. Во последните десет минути се влезе со нерешен резултат.
Деска и Лагард ја ставија Фрнација во подобра позиција на шест минути до крај кога поведоа 28:26. До крајот на мечот Французите поведоа и со три гола, но дојде до опуштање и на минута ипол до крај Мате погоди за 30:29. Во следниот напад Французите направија техничка грешка, која Банхиди ја казни за нерешено и продолженија.
Првото продолжение беше неефикасно со само три гола, а го добија Французите со 2:1. После 65 минути игра беше 32:31 за Франција. Во пресрет на последните пет минути тие беа поблиску до пласман во полуфиналето. Во првиот напад Жерард му одбрани пенал на Мате и овозможи напад на својојт тим да стинге до два предност.
Во 68. минута Уго Деска после една пресечена топка од контра успеа да реализира и Франција веќе беше на чекор до полуфинале. До крајот на продолженијата Францзуите го задржаа водството за конечен триумф, а Абало со вториот свој погодок ја потврди победата на Франција за дуел со Шведска во полуфиналето.