Левиот бек Милош Кос е нов ракометар на хрватскиот првак Загреб, по долгите преговори меѓу неговиот досегашен клуб Извиѓач и „плинарите“.
Српскиот репрезентативец кој дебитираше и за сениорите во квалификациите за ЕП против Словачка требаше уште летоска да оди во Загреб, но Извиѓач не сакаше да го ослободи пред истекот на договорот.
Кос играше во Извиѓач од 2018 година, а дојде од Козарска Дубица, а беше поврзуван и со трансфер во Вардар, кога Веселин Вујовиќ се врати во Скопје.
Тој ќе му дојде одлично на тренерот на Загреб, Ивица Обрван, бидејќи не успеа плаот со Вуко Борозан, па Кос сигурно ќе ја пополни празнината.
Претходно, неговиот соиграч од националниот тим, Стефан Додиќ, исто така се пресели во Загреб.