Уште еден ракометен пар ја овековечи својата љубов во месецот на свадбите по крајот на сезоната во Европа.
Станува збор за Норвежаните Сандер Сагосен и Хана Бредал Офтедал, кои одамна се во љубовна врска.
Поради повредата на Сагосен, тој мораше со патерици да се појави на свадбата, но тоа не беше пречка да ужива во еден од најрадосните моменти во животот.
Руне Дамке и сестрата на Хана, Стине Офтедал, беа сведоци на овој брак. Покрај нив на веселбата во Норвешка присуствуваа многу други луѓе од ракометниот свет…