Уште две станици за „Вардар-експрес“ до нова ѕвездичка (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Вардар – Еурофарм П.2

Не дозволувајќи му на ривалот од Битола ниту да се понадева на можно изненандување, Вардар го победи вториот тим на Еурофарм Пелистер со 34-23 (17-9). Црвено-црните се на два чекори до одбрана на титулата, 15-та во клупската историја. Им требаат уште две победи до крај на сезоната за конечен триумф. Еурофарм Пелистер 2 се уште се бори за место во европските купови и до последното коло ќе се бори за четвртата позиција што води во Лига Европа.