По двајцата ракометари на шпанскиот второлигаш Малага, кои беа позитивни на коронавирусот, за кои беше објавено во понеделниккот, во четвртокот беше објавено и за трет позитивен случај.
Викендов уште двајца нови ракометари се позитивни на овој вирус, па вкупната бројка се искачи на пет. Другите тестови се негативни.
Плус од Франција има еден позитивен ракометар од францускиот второлигаш Лимож, како и по еден тренер од Исланд и Данска, додека нема информација за двата сомнителни случаи од Шамбери.
Тоа значи дека засега вкупната бројка на позитивни случаи во ракометот е осум.