Откако тимот на Прилеп ги засили своите редови со голманот Зураб Цинцадзе и Реваз Чантурија, на добар пат е да добие уште две засилувања од Грузија.
Пред потпис со Прилеп се левото репрезентативно крило Казеин Рустамов, кое има 22 години, како и левиот бек Мириан Гавашелишвили, кој има 20 години и настапуваше за младинските селекции на Грузија.
Претходно раководството на тимот што ќе биде предводен од Горан Кузманоски ги обезбеди услугите на средниот бек Филип Чурлевски, левиот бек Давор Шокоски и пикерот Сашко Манчески.
Договорите беа продолжени со крилата Христи Бикоски и Алија Амзоски. Со вака склопен состав Прилеп нема да биде лесен плен, особено на негов терен за другите суперлигашки екипи.