Новиот тренер на Вардар, Стевче Алушовски, утре напладне ќе ја има првата прозивка на екипата со што ќе почнат подготовките за пролетниот дел од сезоната. Со исклучок на оние ракометари што се наоѓаат со своите репрезентации на ЕП во Шведака, Австрија и Норвешка сите други ќе му бидат на располагање на Алушовски.
На екипата треба да и се приклучи и Жозе де Толедо кој имаше операција и го пропушти првиот дел од сезоната. Тој ќе има дополнителни медицински прегледи по што ќе добие дозвола кога и со каков интензитет ќе се приклучи.
„Ќе имаме помош и од некои играчи од екипата на Вардар Јуниор кои и досега тренираа со нас. Оваа седмица ќе тренираме тука, а како ќе се комплетираме рака и ќе се зголемува интензитетот. Оние играчи од ЕП ќе треба и да се одморат, но и да бидеме секако подготвени за следните 4 меча во ЛШ, вели Стевче Алушовски, тренерот на Вардар.
Првиот меч Вардар треба да го игра на 5 февруари во Германија против Кил. Потоа на 15 февруари во Скопје доаѓа Мотор Запорожје. На 22 февруари е мечот кај Порто, а во последното коло Монпелје доаѓа во Скопје на 29 февруари.
Вардар сезонава брани три трофеи, во домашното првенство, СЕХА лигата и во Лигата на шампионите.