Условите за вистинско дерби се исполнети: Начевски и Николов ќе судат Еурофарм Пелистер – Вардар

Големото дерби на македонскиот ракомет меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар ќе се игра в среда во салата „Боро Чурлевски“.

Ракометната федерација ги делегираше и официјалните лица за овој меч. Судии ќе бидат Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, додека делегати се Душко Камишевски и Камер Металари.

Салата е веќе распродадена, двете екипи имаа победнички залет, откако славеа на последните средби со Охрид и Струга, и немаат проблеми со играчкиот кадар, па сите услови за дерби се исполнети.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар се игра в среда со почеток во 18:00 часот.