Тунискиот интернационалец Усама Хосни во новата сезона ќе ги брани боите на тимот од Кувајт, Ал Араби.
Ал Араби веќе го промовираше десниот бек што беше дел од битолски Еурофарм Пелистер во штотуку завршената сезона.
Сепак пред да заигра во Кувајт, Хосни ќе биде дел од составот на Ал Рајан од Катар, но краток период додека се одржува Азиското клупско првенство.
Хосни дојде минатото лето во Битола, остави позитивен впечаток, особено во финишот на сезоната кога се играа одлучувачките натпревари.
Покрај Хосни, Еурофарм Пелистер остана и без Мартин Велковски, кој продолжува во Алкалоид, па ќе мора сериозно да се засилува на десната бековска позиција.