Раководството на полскиот вицешампион Висла Плоцк и ракометарите на клубот постигнаа договор за намалување на платите во април и мај заради коронавиусот.
Првенството на Полска е завршено според одлуката на федерацијата и старо нов шампион е Келце, додека повтрно Висла Плоцк е на втората позиција и оваа сезона.
„Како резултат на сегашната состојба со предверемениот крај на сезоната во првенството и одлагањето на купот и натпреварите од Лигата на шампионите одлучивме да ги намалиме платите на ракометарите. Предвремениот крај на лигата влијаеше со намалување на приходите на клубот и мораше да направиме кратења. Заедно со играчите и тренерот направивме договор за намалување на платата, но износот ќе остане тајна и нема да го објавиме. Им благодарам на играчите што помогнаа во справување со финансиската криза во клубот во овие тешки моменти за нас“, изјави претседателот на клубот Роберт Цвартек.
Во овој период ракометарите тренираат индивидуално и иако првенството е завршено тие се подготвуваат за настапи во Лигата на шампионите кои според ЕХФ се закажани за почетокот на јуни. Во осмина финалето Висла Плоцк ќе се сретне со Веспрем.