Унгарскиот легендарен ракометар Габор Часар, по само една сезона и ниту еден одигран натпревар за Амичитија Цирих, заминува од клубот.
Тој минатото лето потпиша за тимот каде што игра македонскиот репрезентативец Мартин Поповски, но поради тешката повреда на коленото воопшто не заигра.
Иако имаше активен договор со тимот од Цирих за уште две сезони, двете страни решија дека соработката треба да биде прекината.
Некогашниот ас на Веспрем, ПСЖ и Кадетен Шафхаузен, нејасно е дали воопшто ќе се врати на ракометните терени. За селекцијата на Унгарија настапи на 243 натпревари.