Екипата која покрај ПИК Сегед, Дабас и Орошази е најмногу погодена од коронавирусот во унгарското првенство, составот на Комло и понатаму има сериозни проблеми. Освен борбата со вирусот екипата има и финансиски проблеми.
Тимот одигра само два натпревари во новата сезона, а после дуелот со Орошази имаше пет играчи позитивни на коронавирус. До крајот на неделата веќе 12 ракометари беа заразени.
Но тоа не е единствениот проблем за екипата, клубот на својата официјална страна на Фејсбук објави барање до навивачите за финасиска помош. Играчите полека закрепнуваат од коронавирусот, а некои се веќе негативни но има уште многу работа додека да продолжат со натпреварите.
Буџетот на Комло не може да ги издржи сите трошоци кои се неопходни да се направат сите потребни процедури и протоколи. Исто така потребно е да се набави медицинска опрема за што клубот нема пари.
Како резултат на тоа, раководството на клубот ги повика своите навивачи да му помогнат на својот омилен тим во најтешките моменти. Една од начините на кои би можеле да помогнат навивачите е да купат „спонзорска карта“ која чини 12.000 унгарски форинти или околу 40 евра.