Машката репрезентација на Македонија денеска го игра првиот натпревар на Светското првенство против селекцијата на Норвешка.
Светската ракометна федерација ги делегираше арбитрите за овој дуел, а тие доаѓаат од Унгарија.
Станува збор за Адам Биро и Оливер Киш, додека делегат ќе биде Хрватот Јосип Посаваец.
Натпреварот меѓу Македонија и Норвешка се игра во „Таурон Арена“ со почеток во 18:00 часот.