Унгарски арбитри за Еурофарм Пелистер

Европската ракометна федерација ги одреди официјалните лица за натпреварите од третото коло во Лигата на Европа.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и бундеслигашот Фуксе Берлин им е доверен на судии од Унгарија.

Станува збор за Адам Биро и Оливер Киш, додека делегат на мечот во Битола ќе биде Хрватот Владимир Сокол.

Дуелот меѓу Еурофарм Пелистер и Фуксе Берлин ќе се игра утре во салата „Боро Чурлевски“ со почеток во 18:45 часот.