Со победата од 26:23 против досега убедливата Шведска, составот на Унгарија си обезбеди место во елиминациите на Олимписките игри, а воедно ова значеше дека Шпанија си заминува дома.
Швеѓанките немаше потреба да форсираат, па имаа лошо второ полувреме во кое имаа малку погодоци што беше искористено од Унгарија за триумф.
После првите 30 минути резултатот беше нерешен, 15:15 и овој дел од средбата донесе најава дека ќе биде возбудливо во продолжението од натпревари. Воедно беше и јасно дека Унгарија ќе мора да нападне со сите сили.
Само неколку минути беа потребни за да се види дека Унгарките се решителни. Тргнаа силно и брзо дојдоа до 21:15. Практично ова беше старт со 6:0 и тука веќе беше јасно кој победува. Ова беше разочарување за Шпанија која чекаше подобар резултат од Шведска.
Хафра, Клујбер, Лукач, Мартон и Шолоси-Зачик беа најефикасни во Унгарија со по четири погодоци. Во Шведска по пет гола имаа Карлсон и Хагман.
Поради истиот број на бодови на крајот од групната фаза за Унгарија и Шпанија решаваше меѓусебниот дуел. Двете селекции завршија со по четири поени, па за 4. место во Групата Б одлучи двобојот од пред два дена. Унгарија тогаш ја надигра Шпанија и ја совлада со 29:25.
Ова значи дека Унгарија ќе игра четврт-финале, но дека ќе мора тоа да го направи против составот на Норвешка така што тешко ќе може да се надева на место во полуфиналето.