Селекцијата на Унгарија обезбеди победа од 30:26 против Полска и во исто време покрај радоста за пласман во четврт-финале ги израдува и европските шампиони бидејќи и тие со овој резултат влегоа во елиминациите.
Унгарија имаше комплетна доминација на средбата против Полска и во ниту еден момент не висеше триумфот на овој дуел така што можеше мирно да се одигра целата средба.
Полска го постигна првиот гол, но брзо прими три, па тука тргна играта во која Унгарците беа тие кои постојано ја диктираа играта. Постојано го зголемуваа водството, а Полјаците колку и да се обидуваа тешко се снаоѓаа со одбраната на противникот. На тој начин имаа шест негатива на одмор. Составот на Шпанија водеше со 16:10 така што остана прашањето како ќе тече дуелот до крај.
Во второто полувреме Унгарците продолжија со контролата на резултатот. На противникот му дозволуваа само да одигра колку што тие сакаат. Секогаш кога Полска ќе се обидеше да се доближи следуваше поцврста и посилна игра и на тој начин се доаѓаше до резултат со кој немаше шанси за пресврт.
На крајот Унгарија дојде до повеќе од заслужена победа од 30:26 и си го завери пласманот во четврт-финалето на коло до крај. Ова значеше и пласман за Шпанија од Групата 1, па ова се првите селекции кои се пласираа во елиминациите. В понеделник во меѓусебен дуел ќе решат кој ќе влезе во четврт-финалето од првото, а кој од второто место.