Пред заминувањето на Олимписките игри во Токио, Унгарија покажа дека е во добра форма. Денес, Унгарките беа подобри од Бразил на пријателски натпревар одигран во Шиофок со резултат 34:31.
Претходно, Унгарија беше подобра од Црна Гора со 28:22.
Унгарија во текот на целиот натпревар беше во водство. На полувреме резултатот беше два разлика за домаќинот, 20:18.
Најефикасна во репрезентацијата на Унгарија беше Катрин Клујбер со десет постигнати гола. Кај Бразил, Бруна Де Паула ги предводеше стрелеците со пет гола.
Двете репрезентации се наоѓаат во иста група на Олимписките игри во Токио. Бразил и Унгарија ќе играат во групата Б, а таму ќе бидат и Русија, Шпанија, Шведска и Франција.