Репрезентацијата на Украина во подготвителниот период пред Европското првенство доживеа нов пораз. После катастрофалното издание против Швајцарија и пораз од десет гола, Украинците беа поразени и од Холандија со 27:30.
Холанѓаните постојано беа во водство кое успешно успеа да го одржи до крај. По првите 30 минути Украина имаше негатива од 13:17, а ниту во вториот дел не успеаја да направат нешто повеќе.
Украинците се првиот противник на Македонија на Европското првенство, и нивната лоша форма може само да го радува стручниот штаб на Македонија.
Најефикасен во составот на Украина беше средниот бек Тилте со осум гола, додека Акименко, Денисов и Жуков постигнаа по четири погодоци.