Украинскиот репрезентативец Станислав Жуков кој пред неколку дена го напушти тимот на ЦСКА Москва си пронајде нов клуб.
Жуков по напуштањето на руската престолнина со семејството побегна во Германија. Како што објави германскиот второлигаш, Гумерсбах и Жуков се договориле за повторна соработка откако украинскиот репрезентативец беше дел од тимот од 2017 до 2019 година.
Украинскиот лев бек не ќе може да му помогне на својот нов клуб поради повредата на коленото која го одалечи од терените цела сезона.
На денот кога почна воениот конфликт меѓу Русија и Украина, Жуков спогодбено го раскина договорот со ЦСКА Москва. Освен за Гумерсбах и ЦСКА Москва Жуков има настапувано и за украинските тимови Будивелник и Мотор Запорожје.