Репрезентацијата на Украина со двете победи против Луксембург стана можен ривал на Македонија во баражот за пласман на Светското првенство 2023.
Украина на двата квалификациски натпревари против Луксембург немаше многу проблеми. На првиот дуел триумфираше со 36:13, додека на реваншот оствари победа со 30:11.
Како што е веќе познато, македонската репрезентација поради тоа што ќе игра на ЕП 2022 го прескокнува првиот бараж и ќе настапи само во вториот бараж.
Директно место на СП 2023, кое ќе се одржува во Данска, Норвешка и Шведска имаат обезбедено трите домаќини, како и светскиот првак Франција, а од ЕП на Мундијалот одат и двата финалисти.
Доколку некоја од селекциите на Данска, Норвешка, Шведска и Франција е во финале, селекциите под нив ќе обезбедат мундијалски билет.
Светското првенство 2023 ќе се одржува во периодот од 30 ноември до 17 декември.