Украина со 17 играчи во Виена, двајца од нив од Еурофарм Работник

Првиот противник на Македонија на Европското првенство, Украина ќе има 17 ракометари на располагање за средбите од првиот круг.

Селекторот Сергеј Бебешко се одлучи да поведе проверени играчи кои се главно од домашното првенство. Меѓу играчите кои патуваат за Виена се и двајцата ракометари на Еурофарм Работник, Владислав Остроушко и Александар Шевелев.

Најголемиот дел се од Мотор Запорожје и ЗТР Запорожје два тима кои сезонава играа против македонските тимови во европските купови. Оттаму добро се познати играчите со кои располага Бебешко, а во составот недостига искусниот организатор на играта Александар Кириленко.

СОСТАВ НА УКРАИНА ЗА ЕП

ГОЛМАНИ: Антон Терехов (Погон Шчецин, Полска), Антон Деревјанкин (ЗТР, Украина), Генадиј Комок (Мотор, Украина).

ЛЕВИ КРИЛА: Захар Денисов (Мотор Запорожје, Украина), Јевген Жук (Пермски медведи, Русија)

ЛЕВИ БЕКОВИ: Јевген Буиненко (Орошази, Унгарија), Дмитро Хориха (Погон Шчецин, Полска), Станислав  Жуков (Мотор, Украина), Владислав Остроушко (Еурофарм Работник, Македонија).

СРЕДНИ БЕКОВИ: Владислав Залевски (ЗТР, Украина),  Александар Тилте (ЗТР, Украина),

ДЕСНИ БЕКОВИ: Роман Чичикало (Заглебие Лубин, Полска)

ДЕСНИ КРИЛА: Андри Акименко (ЗТР, Украина), Арцем Козакевич (Мотор, Украина),

ПИВОТИ: Александар Шевелев (Еурофарм Работник, Македонија), Дмитро Дорошчук (Мотор Запорожје, Украина), Павло Гурковски (Мотор, Украина). Дмитро Ичленко (ЗТР, Украина).