Украина не успеа во Африка, поразена е од Тунис

Противникот на Македонија на Европското првенство во јануари, Украина денеска имаше контрола против селекција од Африка, но резултатски не успеа да заврши според планот.

Репрезентацијата на Тунис беше подобра и го доби овој дуел со 25:20 така што успеа да дојде до триумф, а Украинците видоа каде грешат против еден многу силен противник.

Тунижаните и понатаму се во одлична форма и една од најсилните селекции во светот, па тоа го почувствуваа и ракометарите од Украина. Првиот дел заврши со 12:9 во корист на Тунис, а потоа во продолжение само се чуваше разликата, па дури и беше зголемена така што немаше простор за да се направи нешто повеќе. На крајот 25:20, а Украина ќе се обиде да се поправи в сабота.