Узунчев го водеше Партизан до триумф над Делчево

Ракометарите на Партизан Гевгелија триумфираа над Делчево Вардар со 29-23 во натпревар од 13. коло од плеј-аутот во Првата лига.

Клучниот момент на овој дуел се случи во првиот дел. Делчево одржуваше резултатска рамнотежа со домаќинот до 11-11, но во финишот на полувремето, со серијата голови на Банцалиски и Димитар Узунчев, Партизан се одлепи на 15-11.

Во вториот дел гостите успеаја да намалат на 17-16, но тоа беше се од нив. Серијата на Партизан од пет погодоци за 22-16 беше јасен знак дека бодовите остануваат во Гевгелија.

Најдобри стрелци кај победникот беа Димитар Узунчев со девет и Ѓорѓе Банцалиски со седум погодоци, додека кај Делчево се истакна Павле Стоиловски со седум гола.