Српски Партизан ќе има големи шанси да се избори за двобој што носи место на завршниот турнир во СЕХА, откако шампионот Веспрем реши да игра со младинската екипа во четвртфиналето.
Тимот до 21 година на унгарскиот тим ќе игра најпрво на гостински терен во Белград на 5 април од 18:00 часот.
Една недела подоцна ќе се игра реваншот во Веспрем, односно на 12 април од 18:00 часот, по што ќе биде познат тимот што ќе оди на четвртфинален двобој со Пермски Медведи од Русија.
Менаџментот на клубот се реши за овој потег, кој е голем удар по реномето на СЕХА лигата, поради тоа што првата екипа ја чекаат две тешки средби во периодот кога треба да се играат дуелите од регионалната конкуренција.
На 8 и 9 април се игра Ф4 во Купот на Унгарија, а Веспрем го чека двобој со Татабања, а потоа многу веројатно и финале со ПИК Сегед, додека на 16 април го чека одново дуел со тимот од Сегед во унгарскиот шампионат.