Селекторот на Хрватска, Хрвоје Хорват, се соочи со проблеми на десната бековска позиција и беше принуден да повика нов играч во националниот тим.
Десниот бек на Мотор Запорожје, Лука Шебетиќ се повреди и нема да игра на Европското првенство, па на негово место веднаш е повикан Шиме Ивиќ од Лајпциг.
Магнетната резонанца покажа парцијална руптура на адукторот на левата нога, па Шебетиќ ќе мора да паузира најмалку еден месец до шест недели.
Се очекува Хорват да му даде предност на Иван Мартиновиќ на десната бековска позиција, а Ивиќ да помага од клупата.
Хрватска е дел од групата Ц на Европското првенство што се игра во Сегедин заедно со Франција, Србија и Украина.