Шампионот на јужниот сосед, АЕК Атина, по паузата за ЕХФ неделата веќе одигра натпревар од првенството.
АЕК на домашен терен беше подобар од Диомидис Аргус со убедливи 37-25 и најави дека е во одлична форма.
Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Цирас со девет погодоци и шпанското лево крило Угалде со седум гола.
Следен предизвик за македонскиот претставник во Лигата на Европа, Еурофарм Пелистер, ќе биде токму двобојот во Халкида против АЕК Атина на 17 ноември од 18:45 часот.