Дуелот помеѓу скопските ривали Работнички и Бутел Скопје во првото коло од групата Б во Супер лигата заврши со убедлив триумф на гостинскиот тим од 23:33.
Бутел немаше многу проблеми да стигне до првата победа во новиот шампионат иако во првиот дел Работнички одржуваше резултатска неизвесност.
Гостите добро започнаа, поведоа со 3:1 и 6:4, но во продолжението домашниот тим ја достигна негативата и дури поведе со 10:9. Финишот на првиот дел се играше израмнето, а така беше и на полувреме 15:15.
Само почетокот на вториот дел се задржа нерешено сè до резултат 19:19. Следуваше одлична игра во одбрана на Бутел и неколку брзи голови за серија од 7:0 со што беше решен победникот на натпреварот. До крајот на мечот со рутинска игра избраниците на Грчевски ги запишаа првите бодови во новата сезона.