Репрезентативките на Македонија, Елена Ливриниќ и Елена Ѓеорѓиевска забележаа победи на последните средби од шампионатот на Романија.
Ливриниќ со Бузау на домашен терен обезбеди триумф од 23:19 против Крајова. Таа имаше два гола од два обиди така што успеа да придонесе во победата.
Магура на Елена Ѓеорѓиевска исто така имаше добар ден. На гостувањето кај ЧСМ Галаци составот на Магура дојде до триумф од 29:20. Капитенот на сениорската репрезентација на Македонија стигна до пет погодоци од шест шута.
После 18 одиграни средби тимот на Бузау е на 4. позиција, додека Магура е едно место подолу. Разликата е само еден бод.