Хрватскиот интернационалец Стипе Мандалиниќ и во новата сезона ќе ги брани боите на АЕК Атина.
Левиот бек кој од битолски Еурофарм Пелистер се пресели во јужниот сосед на Македонија, го продолжи договорот за уште една сезона.
„Среќен сум што го продолжив договорот со АЕК Атина за уште една сезона. АЕК е клуб со визија, возбуден сум што уште една сезона ќе ги гледам овие прекрасни фанови што не бодрат“, вели Мандалиниќ за клупскиот веб-сајт.
АЕК Атина оваа сезона рано беше елиминиран од Европа, додека во шампионатот на јужниот сосед ќе играат во финалето на плеј-офот против Олимпијакос.