Доцна вечерва стигнаа резултати од задолжителното тестирање на коронавирус на ракометарите и стручниот штаб пред настапот на Европското првенство.
Сите репрезентативци и сите членови на нашиот стручен штаб добија негативни резултати и непречено ги продолжуваат подготовките пред патот во Дебрецин.
До заминувањето за унгарскиот град ќе има уште едно тестирање според правилата на ЕХФ на 10 јануари.
Македонија ќе игра во групата А во Дебрецин, заедно со селекциите на Данска, Словенија и Црна Гора, а настапот го започнува на 13 јануари.
Патувањето е предвидено за 11 јануари, а конечниот список на ракометари, селекторот Кире Лазаров ќе го објави дополнително.