Турција без најдобриот ракометар против Македонија

Селекцијата на Турција, која е еден од противнниците на Македонија во квалификациите за ЕП 2024 ќе биде сериозно ослабена.

Најдобриот турски ракометар во моментов, Дорук Пеливан, нема да биде дел од дуелот меѓу Македонија и Турција во октомври.

Тој и лани паузираше, а сега има повреда на коленото и нема да игра до пролетниот дел од сезоната.

Македонија и Турција првиот дуел ќе го одиграат на 16 октомври во градот Ван, а претходно нашите ракометари ќе бидат домаќини на Луксембург на 12 октомври.